Владата денеска ја одбележува 18-годишнината од авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател Борис Трајковски и членовите на неговиот кабинет што го придружуваа на ова патување како и екипажот на авионот.

На годинешното одбележување, на спомен обележјето на несреќата кај Ротимље, близу Мостар во Босна и Херцеговина, венци свежо цвеќе ќе положи државната делегација во која како претставничка на Владата е Славица Грковска, вицепремиерка за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието и Блерим Кољали, посебен советник за национална безбедност како претставник од Кабинетот на претседателот.