Денеска светот го слави Светскиот ден на мачката, домашно животно кое живее со луѓето околу 3.500 години.
Овие животни се чуваат низ целиот свет, а најголемиот турски град Истанбул е познат и како „град на мачките“.
Истанбулските мачки уживаат привилегиран статус во тој град. Иако многу од нив не се домашни миленици, туку мачки од улица, тие се многу сакани и негувани.
Мештаните подготвуваат и посебна храна од локалната кујна, рибарите им нудат риба што ја ловат преку ден, а во прихранувањето учествуваат и трговци и туристи.
Мачката е меѓу омилените миленичиња и домашни животни, се појавува во митологијата и легендите, а во стариот Египет ја сметале за култно животно.