Претседателот на Собранието Талат Џафери во емисијата 24 анализа во врска со преговорите со Бугарија рече дека e оптимист и мисли дека може да се постигне решение.

„Има информации кои се соопштени, а класифицираните не може да се соопштат и имаме законска обврска за тоа. Јас тоа што треба го знам, го знам. По природа сум оптимист и мислам дека е можно да се постигне договор. За јазикот не се разговараше, а позциите на Кирил Петков не беа ставени како тема на разговор. – рече Џафери.