Злоупотребата на службената положба на експонентите на ДУИ говори гласно. Уште погласна е корупцијата и криминалот од кои последиците ги чуствуваат граѓаните на оваа земја. СЕ разбира глуви се државните институции кои треба да делат правда како што се обвинителството и судтвото, обвинуваат од Алијанса за Албанците.

-Вчера во дебатна емисија поранешната градоначалничка на Општина Тетово и потпретседателка на ДУи избра да се брани со молчење за сите обвинувања за злоупотребите на парите на граѓаните. Таа избра да зборува за феномени. Ај да зборуваме за некои од нив. Скандалот на Теута Арифи и злоупотребата на буџетот на тетовчани не е изолиран случај туку секојдневен феномен во секоја општина и секоја институција менаџиранба од ДУИ. Тоа е коруптивен и криминален менталитет.
Сам по себе феномен преставува и молчењето и неодговорноста на институциите кои треба да истражуваат криминал и корупција како што се обвинителство, судство, финансиска полиција, итн., велат пд АА.

Според нив, феномен е исто така кога овие институции особено финансиската полиција станува дел од инвентарот во општините раководени од Албанската опозиција со цел уценување и ниедна извршена контрола до институциите раководени од кадри на ДУИ.

-Феномен е кога и после 20 години владеење нема никаква одговорност иако секојдневно се случуваат разноразни скандали. А од друга страна народот кој што претендираш дека го преставуваш да биде преставен 90% во затвори главно поради монтирани политички процеси.Феномен е купувањето и уценувањето на гласачите со договори заради изборни цели. Додека миграцијата и бегањето на граѓаните, неперспективноста и разочареноста се последица на овие феномени на ДУИ на кои што можат да му завидуваат и идеаторите и екзекуторите на масовните миграции на албанците во текот на 20-от век, велат од Алијанса.