Спротивно на мислењето на повеќето дами, лушпите од јајцата не се за фрлање, особено ако имате среќа и консумирате домашни јајца.Спротивно на мислењето на повеќето дами, лушпите од јајцата не се за фрлање, особено ако имате среќа и консумирате домашни јајца.
Лушпата од јајцата е одлични за кожата, за градината, за билките…
# Ставете ги лушпите како додаток во потхранувањето на билките
Лушпите од јајцата многу брзо се разградуваат, а бидејќи се богати со калциум и минерали, одлични се за потхранување на растенијата.
# Спасете се од штеточинките во градината
Здробете ги лушпите и посипете ги околу билките и цвеќињата во градината за да ги спречите полжавите и гасениците да ги уништат растенијата без да користите пестициди.
# Исчистете го домот
Здробете ги лушпите од јајцето и додадете ги во вода со детергент па со неа исперете ги предметите. Лушпата може да се користи како нетоксично абразивно средство за рибање на садовите.
# Спречете го затнувањето на цевките
Неколку здробени лушпи ставете ги во умивалникот. Во текот на миењето на садови, зеленчук и слично лушпите ќе ги задржат парчињата храна и отпадоци и ќе спречат вашите цевки да се запушат.
# Спречете ја иритацијата на кожата
Потопете ги лушпите од јајце во мал сад со сок од лимон и тоа користете го за лечење на малите иритации на кожата и сврбежот благодарение на богатството со калциум.