На улица „Македонија“ во центарот на Скопје граѓани даваат примероци од крв за потребите на серолошката ковид-анализа.

Станува збор за скрининг-тестирање по случаен избор кое започна денес и се очекува да покаже дали и каков имунитет на коронавирусот има населението во земјава.

Тоа треба да ѝ помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните мерки.

Според најавите, тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални податоци за имунизацијата во овој момент.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.