Учениците од средното градежно училиште „Здравко Цветковски“ се претставија со серија ракотворби и фотошоп цртежи во рамки на изложбата „Од урнатини до модернистичка преродба“. Инспирирани од обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година, учениците во своите дела третираа дел од објектите кои веќе се симбол на архитектурата во Македонија. Според професорката Арлинда Османи, студентите од прва, втора и трета година се занимаваат со архитектура и дизајн.
„Техниките што се користеа, односно учениците беа поделени, некои работеа во аутокат, фотошоп додека некои работеа и со цртежи со рака, и имаше група ученици кои работеа видеото на истите објекти“, изјави Арлинда Османи, професорка.
„Се работи за некои објекти кои се изградени по 63 година, по земјотресот. Со моето искуство кое го имам тука, а почнав трета година во ова училиште, сфатив дека тоа е многу добар избор, и има професори кои навистина ни се посветени и ни помагаат да ја постигнеме целта што ја имаме“, рече Јусра Адеми, ученичка.
„Работевме во групи за објектот „Опера и балет“, го цртавме рачно и го засенчивме. За колку време ја завршивте целата работа? Ми требаше една недела, бидејќи имав и други обврски“, нагласи Ермира Лецај, ученичка.
Објектите кои беа претставени преку делата на учениците се Телекомуникацискиот центар, СУ „Никола Карев“, студентскиот дом „Гоце Делчев“, Народен театар, Опера и балет, Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Градскиот трговски центар и Транспортниот центар.
Мелихате Рустеми