„Засега не е вклучена темата за декарбонизација на зелената енергија и обновливите извори на енергија, а за подобрување на енергетското поврзување имаме поддршка од бугарскиот гасен оператор“, изјави бугарскиот министер за енергетика, Александар Николов и додаде дека има многу можности за напредок на краток рок.
Николов истакна дека главната цел на средбата во Софија е да се најде полесен и поефективен начин на којшто Бугарија и Северна Македонија ќе комуницираат за енергетските пазари и неговата трговија.
Со својот македонски колега министерот за економија Крешник Бектеши ќе разговараат за овие детали, како и за нестабилноста на цените на енергенсите и што може да се направи.