Северна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни и балистички програми, вклучително и капацитетот за производство на компоненти за нуклеарни механизми, и со тоа ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност на Обединети нации, се наведува во извештајот на ОН.
Во резимето на извештајот се посочува дека Пјонгјанг минатиот месец забрзано работел на испитување и тестирање нови ракети со краток, а можеби и среден дострел, при што биле користени балистички технологии, технологии за таргетирање, како и цврсти и течни горива.
Според експертите, новите тестирани технологии вклучуваат хиперсонични боеви глави и ракети носачи. Северна Кореја продолжува да бара материјали, технологии и научни и технички знаења за овие програми во странство, вклучително и преку кибералатки и заедничко истражување.
Пред една година експертската група наведе дека Северна Кореја ги надградила своите балистичките ракети и нуклеарно оружје и ги игнорира санкциите на ОН, користејќи кибернапади како помош за финансирањето на своите програми.