Со своја реакција се јави и сточарот Александар Мачевски од беровско кој е автор на видеото со врзаното јагне. Тврди дека станува збор за традиција и дека не бил прашан како втора страна при пренесувањето на информацијата.

-Во врска со вашиот натпис за Инспектор што малтретира јагне. Ве известувам дека снимката е лична и приватна направена во мојот дом како традиција што ја правиме секоја година кога ги продаваме јагнињата. Се свири песната,, Изгубеното јагне ” и се донесува јагне како адет и традиција и мора да биде врзано. Ако може да забележите јагнето не е малтретирано, мачено и заколено и после песната е пуштено кај неговата мајка затоа што се верува дека на тој начин ќе има повеќе јагниња следната година. Со вашиот натпис ми го нарушување угледот на мене лично и на моите гости. Доколку не се повлече и избрише натписот приморан сум да преземам правни дејствија, напиша во реакција Мачевски на својот ФБ профил.

Тој таму постираше и повеќе фотографии од неговата сточарска активност со коментар „Еве како нашето семејство макотрпно заработува една корка леб, а социјалните мрежи го ОЦРНИЈА НАШЕТО СЕМЕЈСТВО кое одгледува 20 години секаков вид на животни.“

Видеото го објави „Анима мунди“, а реакција за инспекторот за благосостојба на животните кој седи на масата со врзаното јагне најавија и Агенцијата за храна и ветеринарство и министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Анима Мунди бара казна за инспекторот поради иззживување врз живо јагне (ВИДЕО)