Според добро упатени извори кои разговарале со „Page Six“, Сидни Свини и Скутер Браун прават сè посериозни планови за свадба и проширување на семејството.

Сидни Свини е среќно вљубена во Скутер Браун, а неодамнешните гласини за планови за свадба изгледаат вистинити. Наводно, актерката е посреќна од кога било, како и нејзиниот партнер, кој е 16 години постар од неа.

„Page Six“ дознава дека врската меѓу Сидни Свини и Скутер Браун станала доволно сериозна што тие веќе разговараат за деца – фактор што наводно ја навел актерката од филмот The Housemaid сериозно да размисли за премин во јудаизмот.

„Двојката разговара за засновање семејство, а тоа е многу важно за Скутер“, вели еден извор.

Претходно овој месец беше објавено дека Браун планира да ја запроси Сидни во следните шест месеци. Свини исто така беше забележана како присуствува на богослужба за Рош Хашана заедно со моќниот музички менаџер во храмот „Шолом“ во Гринич, Конектикат.

„Седеа позади“, вели извор кој ги видел во синагогата, во чие членство спаѓаат Мајим Биалик, како и истакнатите финансиери Марк Шенкман, Стивен Тананбаум, Клиф Аснес и Ендрју Милграм.

Иако порталот „DeuxMoi“ прв објави дека Сидни размислува за премин во јудаизмот, сега се дознава дека актерката сериозно размислува за таа идеја.

Извор изјавил за „Page Six“ дека актерката наводно се сретнала со двајца рабини. Процесот на премин во друга вера може да трае од една до четири години, вклучува интензивно изучување на јудаизмот и бара рабин кој ќе ја придружува и поддржува личноста во текот на процесот.

Текстот Подготвена е на сè за љубовта: Сидни Свини ги исполнува желбите на своето контроверзно момче е превземен од МАКФАКС.