Премиерот Димитар Ковачевски на социјалните мрежи се огласи откако ССМ со отворено писмо упати порака до Владата да бидат на страната на работниците и да се усвои предлогот за минималната плата да биде покаена на 18.000 денари. Тој вели дека Владата е на страната на работниците, иако не спомна дали минималецот ќе биде покачен на 18.000 денари.

Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето. Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните, порача Ковачевски.