Еден килограм „Бабура зелена македонска“ ќе ве чини 279 денари. Па така, повеќе ви се исплаќа да купите ананас, кој ем е увезен, ем ви е поевтин. За еден килограм ќе платите само 120 денари, објави „4news.mk“.

А доколку пак се одлучите тоа да биде македонска марула, ќе ви требаат уште дополнителни 249 денари на пример за 1 килограм марула.

Нема поевтино да поминете ниту ако се одлучите за салата со краставици, бидејќи еден килограм е неверојатни 259 денари.

Ова се цените во еден од поголемите маркети во Скопје.