Не се сите вешти при давањето совети, особено ако станува збор за љубовни. Но, астролозите тврдат дека овие три хороскопски знаци поседуваат карактеристики што ги прават одлични љубовни советници, па токму затоа тие и самите имаат среќа во љубовта.

Прочитајте на кои хороскопски знаци можете да им се обратите кога имате љубовни проблеми:

Риби

Личностите родени во хороскопскиот знак Риби имаат изразена емпатија и полесно можат да ги разберат туѓите емоции. Тие и самите се прилично чувствителни, исто како и останатите водени знаци, а тоа што ги издвојува од другите и ги прави експерти за давање љубовни совети е нивната рационалност.

Стрелец

Личностите родени во овој хороскопски знак се искрени и добронамерни. Стрелците нема да се двоумат да ви кажат доколку вие сте виновни за вашите сопствени љубовни проблеми, а без влакна на јазикот ќе зборуваат лошо за вашиот партнер доколку проблемот е во него.

Кога ќе ги прашате за совет, тие ќе се постават како објективни набљудувачи и нема да ви го кажат што сакате да го слушнете, туку тоа што е потребно за да го решите проблемот.

Девица

Девиците најчесто ги гледаат работите појасно од другите и поради тоа тие се одлични во давањето совети во сите аспекти од животот, не само во љубовниот.

Сепак, најдобро е да ги замолите за љубовен совет бидејќи тие се рационални и нема секогаш да бидат на ваша страна, но ќе ви помогнат да ја разгледате ситуацијата од различни агли за да можете да најдете вистинско решение.