Министерот за здравство Беким Сали тврди дека во болниците во Македонија има протокол за лекување на пациенти болни од ковид-19.
На новинарско прашање, дека професор д-р Драган Даниловски тврди дека нема протокол за лекување на ковид позитивните пациенти во болниците, министерот Сали рече дека тоа не е точно, а дека Даниловски давал како што рече ,,несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството”.
Сите здравствени институции кои имаат хоспитализирани пациенти почитуваат заеднички протокол кој е напишан од професори од Клиниката за инфективни болести. Не знам од каде ви е информацијата дека нема протокол. Не можам да коментирам изјави на професори кои ги почитувам, но не се спремни да се справат со реалноста и даваат за жал за мене необјасниви и несериозни изјави кои негативно влијаат во општеството, изјави Сали.
Професорот Даниловски, заедно со колегите од Медицинскиот факултет во Скопје, Никола Пановски и Вело Марковски во неделата, преку статус на фејсбук од страна на министерот Сали беа поканети да бидат членови на Комисијата за заразни болести или пак советници на министерот. Сите тројца ја одбија понудата.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.