Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри сериозни афери.

Тој истакна дека СДСМ даваат сензитивни набавки во безбедносни сектори на фирми кои се на црната листа на САД.

„Како од една страна устата им е полна со Европска Унија, НАТО, прозападна ориентација и.т.н а од друга страна даваат сензитивни набавки во безбедносни сектори на фирми кои се на црната листа на САД“, вели Николоски.