Еден од најеминентните политички фигури во Албанија најгласниот пратеник на ПД, Томор Ализоти, му честиташе на Александар Николовски, за неговиот реизбор како Потпредседател на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, тој денеска се сретнал со него.

“Денеска, на денот на неговиот избор за потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, се сретнав со мојот пријател Александар Николовски, на кого срдечно му честитав за неговиот реизбор на функцијата, посакувајќи му успеси и плодна соработка меѓу нас – за иднината на нашите земји.
Николовски ја извршува и функцијата потпретседател на групата на Европските народни партии во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Со Николовски разговаравме за тоа како десничарските партии на Балканот треба да разменуваат искуства и знаења, со единствена цел да создадат најдобри можни услови за нашите народи, секогаш фокусирајќи се на неопходните реформи кои не водат кон ЕУ”,
пишува Ализоти.