По незгодното, но прилично кратко враќање на мерките за контрола на коронавирусот поттикнати од варијантата омикрон, Англија се враќа на „Планот А“ – ќе учи да живее со инфекцијата.
Се верува дека „бустер“ дозите, антивирусни апчиња и поблагите ефекти на омикрон ќе ѝ овозможат на владата да се справи со вирусот кој најверојатно нема да биде искоренет. Другите земји кои исто така сакаат да им овозможат на компаниите да работат со физичко присуство, внимателно ќе следат како се развива епидемијата во Англија по укинувањето на мерките.
Препораките за работа од дома беа укинати минатата недела, а мерките како носење маски и пропусници за ковид, исто така воведени минатиот месец во Англија, завршија во четвртокот, па мерките се вратија на нивото на минатиот јули.
Британската агенција за здравствени безбедносни подготовки (UKHSA) се подготвува да го промени својот фокус во иднина за поддршка на ранливите поединци, наместо да воведува мерки на национално ниво.
„Како што почнуваме да живееме со Ковид, одговорот на УКХСА на КОВИД ќе се префрли од нацијата кон насочен одговор, фокусиран на заштита на најранливите“, се вели во нацртот.
Британскиот премиер Борис Џонсон, беше принуден да го претстави „Планот Б“ во декември, откако во земјата почнаа да се регистрираат големи скокови на новозаболени лица.