Се надевам дека започнатата иницијатива ќе најде конкретен израз за да можеме да свикаме меѓувладина конференција под наше претседателство или, најдоцна, под чешкото претседателство, изјави Жан-Ив Ле Дријан на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент Денешната средба меѓу премиерите на Бугарија и Северна Македонија Кирил Петков и Димитар Ковачевски во Софија предизвика реакција кај шефот на француската дипломатија Жан Ив Ле Дријан, чија земја претседава од ЕУ од 1 јануари оваа година.
„Колку што знам, работите почнуваат да се смируваат малку по малку. Посетата на новиот бугарски премиер на Скопје помогна за деблокирање, изјавите се во вистинска насока. Се надевам дека започнатата иницијатива ќе најде конкретен израз за да можеме да свикаме меѓувладина конференција под наше претседателство или, најдоцна, под чешкото претседателство. Но, досегашниот тек на настаните изгледа добро“,
изјавил министерот за надворешни работи на Франција Жан-Ив Ле Дријан на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент пренесе БГНЕС.
Според Еуроњуз, „се обновуваат надежите за поблиски врски со двете нови влади“.
„Медиумите го пенесуваа пречекот на Ковачевски од страна на Петков со официјална церемонија во понеделникот на плоштадот „Александар Невски“. Двајцата шефови на влади положија венци на Споменикот на непознатиот војник и на споменикот на Светите браќа Кирил и Методиј. За само една недела, ова е втор значаен настан за подобрување на односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Премиерите се согласија да ги засилат напорите за подобрување на врските за време на посетата на Петков на Скопје на 18-ти јануари“, објави Еуроњуз.
„Средба меѓу Бугарија и Северна Македонија за зајакнување на врските и намалување на тензиите“, е насловот на написот во „Дејли Мејл“.
„Владите на Бугарија и Северна Македонија ја потврдија својата решеност во Софија да ги решат споровите со продолжување на дијалогот, ставајќи ги добрососедските односи во центарот на нивните напори“, пишува „Дејли мејл“, пренесе БГНЕС.