Скандалозно и крајно неодговорно е однесувањето на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Пецаков. Наместо во изолација како што му било одредено, додека го очекувал резултатот од тестот за Ковид 19, градоначалникот на Охрид се појави помеѓу охриѓани за Водици и ги стави во опасност сите присутни, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

-Без маска и без никакво почитување на протоколите, Пецаков се ракуваше со граѓани, сопартијци и амбасадори.  Ова не е само непочитување на одредбите и законите. Ова скандалозно однесување на Пецаков е непочитување на граѓаните, на охриѓани, но и непочитување на лекарите и медицинските лица. Неодговорноста е одлика на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

Пецаков бил заедно и со Христијан Мицкоски, неговиот партиски шеф.  Зошто Мицкоски молчи за ова скандалозно однесување на Пецакоцски? Ќе го повика ли на одговорност или ќе го штити?

Или Христијан Мицкоски нема образ за ова затоа што и тој среде пандемијата шеташе по кафеани?, вели Кузеска.

Со позитивен тест се изгушкал со сите на Водици, градоначалникот на Охрид наместо во изолација, бил на Водици