Собранието денеска напладне ја продолжи расправата за избор на новата влада.
Поранешниот министер за образование Арбер Адеми му се обрати на лидерот на Левица, Димитар Апасиев на албански јазик, по што Апасиев возврати:
„Доколку сакате да влезете во материјална или било каква дебата со мене, ве молам да зборувате на македонски јазик, бидејќи јас не ги користам слушалките кога ми се обраќаат директно“, кажа Апасиев.
Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во Собранието.