Кејти Холмс и нејзиното момче уживаа во уште едно заедничко излегување за време на Модната недела во Париз, не криејќи ја својата наклонетост пред камерите.

Познатата актерка Кејти Холмс (47) тешко можеше да го тргне погледот од својот партнер, визуелниот уметник Џејсон Јармоски (39). Тие позираа заедно пред да седнат на местата во првиот ред и беа фотографирани како се држат за раце за време на ревијата на Модната недела во Париз.

Кејти изгледаше елегантно во црно кожно здолниште што ја следи линијата на телото и има смел шлиц кој се протега високо до бутот. Таа го искомбинира со ролка и бели чевли со високи потпетици. Џејсон, пак, се одлучи за елегантна зелена плетена комбинација.

Двојката уживаше во разни ревии и забави за време на Модната недела во Париз, вклучително и на гламурозниот настан организиран од Карин Роитфелд минатата недела, на кој присуствуваа бројни познати личности.

Една недела претходно, нивната модна турнеја ги одведе во Милано, каде што заедно присуствуваа на ревијата на Tod’s.

За време на нивниот подолг престој во Европа, двојката уживаше и во две романтични патувања до живописното езеро Комо во Италија.

Извор близок до актерката неодамна за „Дејли мејл“ изјави дека таа „се чувствува одлично“ благодарение на нејзиното ново момче.

Текстот (Фото/Видео) Никој не го очекуваше ова секси издание од Кејти Холмс: нејзиното помладо момче ја трансформираше е превземен од МАКФАКС.