Обвинетиот Орце Камчев заедно со својата мајка Рстка Куновска-Камчева, која исто така е обвинета, половина час пред пладне пристигна на рочиште за случајот „Плацовите на Водно“, пишува „360 степени“. Ова е прво рочиште во овој предмет на кое бизнисменот доаѓа од слобода откако на 4 јануари Апелација му ја прифати гаранцијата од речиси 11 милиони евра и му го укина притворот.
Меѓутоа, Сашо Мијалков, кој во декември исто така излезе од притвор со гаранција од нешто повеќе од 11 милиони евра, не се појави.
Како што пишува „360 степени“ помеѓу позитивните има и тројца адвокати, но нивното отсуството не е пречка, со оглед дека обвинетите имаат по повеќе бранители.
Денеска во судница како сведок предложен од одбраната дојде ексгенералниот секретар на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски. Со оглед на одложувањето, неговото сведочење ќе остане за наредното рочиште закажано за 24 јануари, доколку заврши изолацијата на Мијалков. Тогаш, како сведок на одбраната, ќе биде повикан и Дејан Митревски-Урко.