Антонијо Милошоски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во Тема на денот на Сител ТВ, истакна дека Никола Димитров и Бујар Османи се лице и опачина на една иста паричка, пет години глумеле кохезија заради кариерните позиции, на сметка на македонската дипломатија и тоа резултирало со неуспех за државата.
Граѓаните со право немаат доверба во Владата или таа недоверба расте затоа што нејзините членови внатре во Владата, меѓу себе немаат доверба, она кое зачудува е како успеале Димитров и Османи пет години да глумат кохезија и да имаат меѓу себе солидарност веројатно задоволни што се на тие функционерски позиции, а позади тоа да се крие едно големо несогласување, рече Милошоски.
По мене сите оние министри кои испратија лажна вест од владиниот авион Заев, Анѓушев, Димитров и Османи дека Македонија добила датум за преговори и ја манипулираа јавноста, не треба да се дел од Владата, истакна Милошоски.
Милошоски вели дека и Димитров и Османи се лице и опачина на една иста паричка., како и тоа дека личните интереси ги имаат ставено пред државните и кариерата им е поважна од успехот на државата и не заслужуваат да бидат во Владата, затоа што како и новиот мандатар немаат легитимитет да бидат во Владата.
Милошоски во однос на состанокот на советот национална безбедност на Бугарија за прашањето кон Македонија, истакна дека состанокот во Бугарија покажува високо ниво на политичко заедништво, кое ние за жал го немаме.
„Состанокот во Бугарија на советот за национална безбедност за прашањето кон Македонија покажува едно високо ниво на политичко заедништво во соседна Бугарија, кое ние за жал го немаме. Ние едвај успеавме после долги убедувања по иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ да поминеме една резолуција во македонското Собрание“ , истакна Милошоски.
Милошоски додаде дека ништо повеќе од резолуцијата не се успеало како држава, а тука пред се одговорноста е на претседателот, на Владата, на премиерот, на министерот за надворешни работи да изградиме по силни национални позиции.