Има логика да се одложи стартот на второто полугодие од учебната година, изјави проф.-д-р. Александар Петличковски, директор на институтот за имунобиологија и хумана генетика во изјава за ТВ Телма.
Тој додава дека, тоа е потребно затоа што ова е најефикасниот момент за пренесување вирусот.
-Тоа ќе биде поразлично по две недели и сметам дека ќе имаме корист од одложување. Точно кога бранот ќе почне да се намалува, да не обезбедуваме нови услови за негово ширење. Треба да се размислува во таа насока, изјави д-р Петличковски.