Денес во попладневните часови во стан на улица Сирма Војвода во Охрид пронајдено е мртво тело на вработена испекторка СВР Охрид М.M .
Како што дознава редакцијата Охридскај сега веќе починатата неколку дена не излегувала од својот дом и не одговарала на телефонски повици по што следувало пријава во ПС од ОН Охрид.
Според истиот извор телото на сега починатата испекторка имало траги на насилство,на лице место излегол Јавен Обвинител од ОЈО Охрид ,припадници на Криминалистичка Полиција,но се уште до овој момент не се знае дали станува збор за природна смрт, насилство со смртни последици или самоубиство.
Повеќе информации се очекува да бидат соопштени од СВР Охрид.