Десет дена откако градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го назначи Филип Пасху за директор на јавното претпријатие „Градски паркинг“, го разреши од функцијата.
На негово место е поставен Бојан Христовски, како нов в.д. директор. Христовски до сега бил вработен во Министерството за внатрешни работи.
Од кабинетот на Арсовска велат дека Пасху бил само времено решение и дека ќе добие нова позиција во Град Скопје.
„Филип Пасху не е разрешен, беше поставен на функцијата в. д. директор како времено решение за да се запазат рокови“, гласи објаснувањето од Град Скопје.
Пасху е поранешен неизвршен директор на АД „Енергетика“ Скопје, бил заменик-директор на „Градски паркинг“, како и претседател на Управниот одбор на истото претпријатие.