Никола Димитров, кој нема да биде повеќе дел од новата влада има критики кон актуелната власт, особено во начинот на кој се водат преговорите со Бугарија. Како што вели, тој ќе биде секогаш пречка за лошо решение бидејќи ова прашање  е поважно од било која влада, оваа или некоја друга. Принципите кон Бугарија се логични од наша страна, како што вели, во 21 век. Чепкањето во македонскиот идентитет е контрапродуктивно, за Бугарија, но и за Македонија.  Се шпекулираше дека Димитров немал доверба од некои членови на Владата, а на прашањето дали тој министер во кој нема доверба е МНР Бујар Османи, Димитров одговори потврдно.

-Да, немам целосна доверба, до скорешниот, еве уште еден, два или три дена мојот колега, во однос на ова прашање со оглед на моето искуство, и на интерните коорднации и контактите со земјите членки на ЕУ и претставниците на европските институции во Брисел. Имам чуство дека таму има еден „драјв“ за успех по секоја цена што мислам дека не е продуктивен и е опасен, можеби и грешам, се надевамн дека грешам,. Меѓутоа моја граѓанска должност како човек што со години работи на оваа кауза е да бидам буден и да го следам процесот и јавно и гласно ќе алармирам тогаш кога мислам дека работите ќе одат во погрешен правец, вели Димитров.

-Можеби ќе ме прашате зошто сега зборувам, дали сум лут што ја загубив функцијата…Но и функцијата амбасадор во Вашингтон е голема функција, знае пошироката јавност бев во потесниот круг и за кандидат за претседателските избори, сега имам одлични односи со Пендаровски. Апсолутно не се водам од тоа што ќе се случи со мене, ама ќе бидам брутално остар и јасен ако слушнам или видам, или почувствувам дека работите одат во погрешен правец. Преважно е прашањето за политички суети, вели Димитров.