Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостуваше во„Утрински брифинг“. Таму зборуваше за новата влада, за корупцијата и борбата против неа. Како што вели имаат голем успех во изминатите неколку години, но како што вели веројатно треба уште да се прави и за да јавноста биде убедена би требало да се објават сите случаи.

Дел од јавноста се прашува како е можно да нема откриено никаков криминал во коалицискиот партнер на СДСМ од албанскиот блок, ДУИ.

-Мислам дека треба комплетно да ги извадиме сите случаи кои биле покренати против функционери од ДУИ. Имавме постапки и против директори и против други функционери, вели Спасовски. Тој додава дека ниту еден од министрите кои нема да бидат во новата влада не се поврзани со криминал ниту тоа е причина за нивна смена.

Според најавите и плановите на новиот премиер Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи, останува на својата функција.

-Оваа Влада е со полн легитимитет и пред пратениците стојат сите делвнички можности. Нормално дека очекувам дебата и таквата дебата е добредојдена, вели Спасовски.