„Сите во Македонија го чекаа состанокот нa Консултативниот совет за национална безбедност на Бугарија. Нема никакви изненадувања во однос на она што е кажано и што се очекува од бугарскиот премиер и актуелната бугарска политика кон Македонија во моментов“, изјави за БНР новинарот од Република Северна Македонија Владимир Перев.
„Кирил Петков доаѓа во Македонија да разговара за работи за кои долго време се зборува и досега не е постигнат договор“, додава Перев.
Тој посочи дека не треба толку да се занимаваме со „високи теми и голема мудрост“, туку „малку да се приземјиме и да гледаме на политиката со пообични поглед“.
Премиерот на РСМ е „раководен од сили кои се наоѓаат надвор од Македонија“, вели новинарот.
„Повеќето Македонци се воспитани да ги мразат Бугарите. Македонците ги мразат Србите за едно, а Албанците за друго“, нагласува Перев.
Според Владимир Перев, повеќето Македонци мислат дека „Американците, Британците или ЕУ ќе вршат притисок врз Бугарија“, а таа ќе се согласи, бидејќи секогаш била притисната од Русите, од Москва, Бугарија била окупирана земја, никогаш не носела одлуки самојстојно“.
„Американците се кралеви на компромисот, но на туѓа сметка. Зошто не прават компромиси и не ги оставаат Мексиканците да живеат во Ново Мексико или Тексас“, коментира македонскиот новинар.
„Не може да има компромис меѓу Македонија и Бугарија“, рече тој.