Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, коментирајќи ги предложените министри и новиот владин кабинет од страна на мандатарот Димитар Ковачевски, изјави дека се работи за влада на поразени политичари коишто економски и криминално ќе ја доуништат Македонија. Воедно рече дека се работи за влада на континуитет, а никаква нова влада. Николовски вели дека ова е влада во којашто доминаат Зоран Заев , Оливер Спасовски и политичката партија ДУИ. Николовски додава дека може да се забележи дека ова се сведува на расчистување на клановски битки од една страна, од друга страна еден целосен контитуитет на кадрите на ДУИ, коишто домираат и во оваа влада и насадената Алтернатива и неизбежниот „плата ол пломо“ Кастриот Реџепи.
Од она што можеше да се чуе како предлог на влада цврстиот впечаток е дека оваа е влада на исти луѓе, со исти вредности кои донесоа порази на државата, ја направија најкорумпирана во Европа, со огромна сиромаштија, ниски плати, со високи цени на производи, и со веќе многу извесна енергетска и економска криза. Ова е предлог на влада која Ковачевски ја поднесува, а Зоран Заев ја потпишува. Во самиот состав може да се забележи и конфликтот меѓу различните групации коишто постојат во СДСМ, така што се сведува на расчистување на клановски битки од една страна, од друга страна еден целосен контитуитет на кадрите на ДУИ, коишто домираат и во оваа влада и насадената Алтернатива и неизбежниот „плата ол пломо“ Кастриот Реџепи, вели Александар Николовски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.