Ќе ви треба околу половина час.
Состојки (за 4-6 порции)
185 гр широки долги тестенини
2 домати излупени и крупно исечкани
1 помала главица кромид исечкана
1 тиквичка исечкана на кругови
1 помала црвена пиперка исечкана на стапчиња
250 гр филе од пилешки гради исечкани на ситни парчиња
90 гр замрзнат грашок
1 лажичка сол
1 лажичка сушен италијански зачин
1 лажица рендан пармезан
Подготовка:
Сварете ги тестенините во поголемо тенџере со врела вода до ал денте. Процедете ги и оставете ги на страна. Загрејте го маслото во длабока тава, додадете го лукот и пилешкото. Мешајте со брзи движења на средна температура 5 минути. Додадете кромид, тиквички, црвен пипер, грашок и зачини и измешајте со брзи движења 1-2 минути. Тргнете го од оган, додадете ја пастата и измешајте да се соедини. Поросете со пармезан.