Претседателот на Албанија, Илир Мета како гостин во емисијата Клик Плус на ТВ 21 рече дека не би сакал Албанија да с е одвои од Северна Македонија на патот кон ЕУ.
Тој рече дека како држави треба да ги зголемиме напорите за да се движиме заедно по овој пат и да се најде решение со Бугарија и билатералните прашања да не бидат пречка за пристапувањето на некоја држава кон БЕ.
Не би сакал никогаш да се разделиме бидејќи не само што сме две соседни земји туку сме исклучително заинтересирани Македонија да има прогрес, и доколку се движат побрзо од Албанија, нека има прогрес и Албанија нема зошто да ја влече Македонија назад. Ова беше мојот став и претходно и реков дека последните 2,3 години Македонија е многу понапред од Албанија, во правец на исполнување на главните задачи од евроинтеграцискиот процес. Досегашното вето од Бугарија е неоправдано бидејќи е неприфатливо билатерално прашање да стане пречка за проширувањето, бидејќи излегува дека секоја држава членка на ЕУ да може да постави вето било кому.
Претседателот на Албанија рече дека наскоро ќе го посети бугарскиот претседател Румен Радев и ќе разговара во врска со тоа што може да се направи за наоѓање решение на македонско-бугарскиот спор.
Мета зборуваше и за Отворен Балкан при што рече дека не може да изигрува адвокат на иницијатива која до сега 3 пати го сменила името. Иницијативата не е сеопфатна, повеќе имало дебати за оваа иницијатива отколку резултати, рече албанскиот претседател.
Мислам дека има многу иницијативи кои се консолидирани но се сеопфатни каде и Косово е рамноправна страна со сите, до кои треба да се придржуваме и кои се под надзор на Германија или ЕУ. Оваа иницијатива, јас како претседател можам да кажам дека до сега не сум видел ниеден акт од оваа иницијатива иако побарав официјална информација од МНР на Албанија. Тешко ми е да зборувам за оваа иницијатива, за прашања за кои нема официјален, државен документ.
Во Клик Плус се дискутираше и за други теми, меѓу другото и за заедничката средба на албанските партии со Илир Мета пред неколку години во Македонија за која рече дека ќе разговара со сите албански политички субјекти за да го одржи “живо“ ветувањето од тогаш.
Претседателот Мета ќе биде во 3 дневна посета на Скопје. Утре ќе се сретне со претседателот на државава Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери.