Денес повторно СДСМ продолжува со невистини и лаги да обвинува во режимски стил, дека Мицкоски ја покачил цената на струјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа партија, презентираа податоци, за кои како што велат се вистината.

Ова е соопштението на опозициската партија.

⁃ Христијан Мицкоски е именуван за советник на тогашниот премиер Никола Груевски, Април/2015 година (слика 1). Цената на струјата за граѓаните беше 4,47 ден/kwh
⁃ Христијан Мицкоски именуван за генерален директор на ЕЛЕМ со одлука на влада, Септември/ 2016 година.
⁃ Разрешен од генерален директор на влада, Август/2017 година. Цената на струјата за граѓаните беше 4,45 ден/kwh
⁃ Цената на струјата за граѓаните согласно одлуката на регулаторна комисија за енергетика од 31/Декември/2021 година е 5,87 ден/kwh

ЗАКЛУЧОК: Откако Мицкоски е именуван за советник во Април/2015 година, до неговото разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поефтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%, а денес граѓаните плаќаат 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога Мицкоски беше разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ.

СДСМ мислат дека со методот, 100 пати повторена лага станува вистина, ќе го потценуваат народот дека има кратко помнење и така ќе ги сокријат криминалот и неспособноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ.