„Ништо не ја притиска Бугарија да прави отстапки во моментов. Топката е во полето на Северна Македонија. Тие се наоѓаат на еден збор од нашата согласнос за почеток на преговорите со ЕУ. Во Република Северна Македонија е забрането да се биде Бугарин. Ова е најкраткиот опис на проблемот меѓу нашите две земји“.

Ова за БНР го коментира поранешниот министер за одбрана и дипломат од кариерата Бојко Ноев.

Според него, во РСМ со децении се одвива процес на дебугаризација.

„Нема автопат, железница, дигитално поврзување, бидејќи некои кругови во Скопје продолжуваат да веруваат дека со одвојување на Бугарија од РСМ ќе се заврши бугаризацијата. Премиерот да не ги бара причини зошто нема лет Софија-Скопје, откако ќе отиде таму, туку треба да отиде во Скопје на 18 јануари со јасно разбирање на овие причини“.

Според Ноев, не постои начин да се надгради политичката позиција со работна бизнис група:

„Затоа што влезот на бугарскиот бизнис во РСМ не е дозволен во иста мера како српскиот, грчкиот и албанскиот бизнис. Премиерот Кирил Петков да оди во Скопје со јасна порака дека остануваат две прашања. Еден збор во Уставот на Северна Македонија и согласност по 5-те точки. Бугарија сака Бугарите да бидат вклучени во Уставот на РСМ рамноправно со останатите народи – наведени се 7 етнички групи, ги нема само Бугарите. Сакаме Бугарите да се додадат во Уставот на РСМ ” .

Ноев го повика премиерот Петков да внимава по темата за РС Македонија, бидејќи е „лизгава“.

„Ако Консултативниот совет за национална безбедност излезе со заеднички заклучок и препораки – тогаш работите одат во добра насока, ако тоа не се случи – тогаш Бугарија има проблем“, рече Ноев.

Целиот разговор со Бојко Ноев слушнете го овде.