Патеникот од СДСМ, Ненад Коциќ одржа прес конференција на која порача дека годинава сите вработени во јавното здравство ќе добијат за пет отсто повисоки плати. Како што вели тој, оваа влада покажала дека и во услови на светска пандемија со коронавирусот, инвестициите во здравството се инвестиции за иднината.
-Владата предводена од СДСМ продолжува со инвестиции во јавното здравство за мотивирани здравствени работници и задоволни граѓани.
Платите на сите вработени во здравството се зголемуваат за пет отсто, почнувајќи веќе од овој месец.
За оваа намена обезбедени се 600 милиони денари во Буџетот за 2022 година.
За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 отсто, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23 отсто, на општите лекари за 25 отсто, додека на здравствените соработници за 15 отсто.
Го корегиравме коефициентот за дежурства, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основната плата на општ лекар.
Освен во човечкиот капитал, сериозно се инвестира и во опремувње и реновирање на здравствените установи, вели Коциќ.