ЈСП „Скопје“ воведува дневен билет за возење во автобусите од јавниот превоз. Билетот ќе чини 120 денари и со него ќе може да се вози цел ден, објави порталот СДК.мк.
Како што изјавиле од ЈСП за овој портал, билетот ќе биде пуштен кон крајот на овој месец. Ќе биде хартиен како билетот за едно возење.
-Се воведува како опција за граѓаните кои користат повеќе автобуси во текот на денот, а ќе биде од голема корист и за туристите“, велат од ЈСП „Скопје“.
Инаку, Данела Арсовска, новата градоначалничка во изборната кампања вети дека ќе воведе бесплатен автобуски превоз во Скопје. Како што е познато, сменет е и директорот на ЈСП Скопје.























