Тито Петковски на социјалната мрежа Фејсбук напиша статус во кој Румен Радев и Слави Трифонов ги нарече национал-шовинисти, воедно додавајќи дека токму поради ваквите политичари Бугарија останува најголем, но и единствен непријател на Македонија.
„Ако се има предвид дека овие пораки од Бугарија доаѓаат само ден пред најголемиот христијански празник Божик, станува јасно дека се работи за луѓе без основни морални скрупули. Ако вака се однесуваат кон братска Северна Република Македонија, како што вели Румен Радев, како ли се однесуваат кон оние, кои не им се браќа?“, напиша Петковски.