Со одоговорни и навремени мерки и политики успеавме да го заштитиме стандардот на граѓаните со најмало поскапување на струјата од 9,48 проценти, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Како што вели таа, ширум светот расте цената на струјата поради глобалната енергетска криза.

-Актвирањето на сите расположливи енергетски капацитети за домашно производство на струја кај нас значително придонесе да имаме вака минимално поскапување. Иако опозицијата најавуваше поскапување и до 40% со што ја покажа својата неспособност. За дополнителна заштита на граѓаните со пониски примања во Буџетот се обезбедени средства за помош на ранливите семејства. Со 60 милиони денари финансиска помош 7.500 семејства ќе добијат 600-800 денари субвенционирање на сметките за електрична енергија. Македонската економија е стабилна и ликвидна и има капацитет да се справи со сите предизвици што ги носи енергетската и здравствената криза. Бројките кажуваат дека во 2021 година има добри економски показатели, вели Кузеска.