Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста, особено во североисточните делови. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 12 до 18 степени.
Во Скопје, сончево со мала, а попладне умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Следните три дена ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од минус два до осум степени, а максималната температура од осум до 16 степени Целзиусови.
До вторник ќе се задржи стабилно и релативно топло време. В среда попладне и во четврток претпладне под влијание на влажен и студен бран ќе има локални врнежи од дожд и снег, засилен северен ветер и значително опаѓање на температурата.