Алијанса за Албанците бара министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, да објасни зошто чекал точно три дена по трагедијата од опожарувањето на автобусот во Бугарија, за да ја затвори фирмата „Виа комерц Џемал“, јавува телевизија Алсат. Таа извршила техничка контрола и таму биле пронајдени неправилности од август. Според оваа партија, ваквите скандали говорат за одговорноста на институциите за трагедијата што се случи.

„Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, мора да каже зошто дозволил оваа станица да работи уште три и пол месеци по констатираните неправилности и до кога мислел да дозволи да работи? Дали ќе ја затвореше да не се случеше трагедијата? Колку автобуси поминаа во меѓувреме низ оваа станица? Овој скандал најдобро ја докажува одговорноста на институциите и на власта за неодамнешната трагедија, која ги однесе животите на десетици невини граѓани.“