„ЗНМ го осудува односот на униформираниот службеник од затворот Скопје во Шуто Оризари кој истурка новинари и сниматели и ги попречи во вршењето на нивната работа при излегувањето од притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков вечерва пред затворот.
ЗНМ ќе повика и на одговорност од страна на МВР како и Директорот на затворот за крајно непримерниот и недозволив однос од страна на униформираниот службеник кон новинарските екипи на ТВ Клан и А1он“, стои во соопштението на Здружението на новинари на Македонија.