Професорот Франсоа Балу, познат генетичар и директор на Институтот за генетика УЦЛ во Лондон, се огласи на Твитер и напиша дека на крајот сите ќе бидат заразени со коронавирусот во блиска иднина, а веројатно и повеќе од еднаш во животот.
Ова не е лесно да се пренесе дури и на оние кои го прифатија фактот дека животот без корона е невозможен. Можете да носите заштитен костим, да носите маска N95 или што и да е, но во оваа фаза единственото нешто што ќе постигнете е да го одложите времето додека не се заразите и со тоа за малку да ја продолжите пандемијата, напиша Балу.
„Заштитата со вакцината од инфекција не е голема, но заштитата од тешки симптоми, хоспитализација и смрт е сепак одлична, вклучително и заштита од сојот омикрон. Исто така, нема морална одговорност ако се разболите од респираторен вирус, во ред е, тоа е живот кој одвреме-навреме не е фер“, истакна тој.
Не сум воодушевен што најавувам дека САРС-КоВ-2 ќе стане ендемичен вирус, а во идеален свет би сакал да избегнеме друг респираторен вирус кој циркулира во заедницата (веќе има близу 200, вклучително и 4 ХЦОВ), но светот едноставно не е идеален, објаснува Балу.
Тој вели дека верува дека е време вирусот наскоро да се предаде.
Стапката на вакцинација на многу места е највисока можна, покрај тоа имаме и неколку лекови. Меѓутоа, преправањето дека се држи под контрола е, на некој начин, нѐ чини скапо.
Да појаснам, иако верувам дека ние како општество треба да се обидеме прилично брзо да излеземе од пандемијата, не би сакал да диктирам нечие однесување и целосно почитувам дека на некои ќе им треба уште малку време за да се чувствуваат подготвени да „продолжат да живеат нормално, заклучил тој.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.