Мал патнички авион, најверојатно „Лирџет 35“, се урна во градот Ел Кахон во областа Сан Диего во Калифорнија. Засега не е познат бројот на жртвите во оваа несреќа, а авионот при падот ги уништил електричните кабли, оставајќи стотици жители на овој град без струја.
Канцеларијата на шерифот во Сан Диего соопшти дека авионот летал кон аеродромот Гилеспи Филд и дека истрагата е во тек.