Во 2022 година ќе се збогуваме со пандемијата, тврди епидемиологот д-р Драган Даниловски во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ24.
Тој вели дека сите параметри укажуваат на една поволна епидемиолошка слика, но дека не треба да се опуштаме.
Голема е веројатноста дека во 2022 година во Македонија ќе се збогуваме со пандемијата со коронавирусот. И на 28 ноември препорачав да ставиме карантини на границите за да добиеме на време, бидејќи прашање на време беше кога и кај нас ќе дојде омикрон сојот. Ме охрабрува тоа што кога ќе се регистрира една појава, ние и понатаму имаме опаѓање на инциденцата, имаме само 347 хоспитализирани. Сите параметри укажуваат на една поволна епидемиолошка слика, но тоа не значи дека треба да се опуштаме. Дојдоа и сè уште доаѓаат наши луѓе од дијаспората, најверојатно уште некој ќе го донесе омикрон сојот. По сите логики може да се очекува зголемување на бројките, вели д-р Даниловски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.