Дваесетгодишен прилепчанец е приведен откако бил фатен дека превезува мигранти од Сирија.

Тој бил фатен на регионалниот пат Градско-Неготино кај с.Црвени Брегови.

А.Ј.(20) во автомобил “пасат“ превезувал пет мигранти од Сирија. По целосното расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.