Екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на социјалните мрежи објави фотографија од високозагадениот воздух во главниот град. Синоќа навистина воздухот беше високо загаден, а тоа го покажаа сите мерни станици распоредени во градот.

Намалувањето на загаденоста на воздухот беше едно од неговите главни ветувања на претходните избори кога го доби мандатот, но и сега во оваа кампања, кога загуби од Данела Арсовска. Секако и Арсовска ветуваше конкретни чекори за намалување на загадувањето, но и оваа зима скопјани дишат канцероген воздух.