Власта и СДСМ со откажувањето на продажбата на АД Славија ја признаа вината, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сакаа да ја продадат на криминален начин, за без пари, да си ја присвојат и потоа да профитираат во милионски суми. Едноставно да се дообогатат преку ноќ одредени луѓе кои што би ја купиле. Нормално, тие луѓе се блиски до СДСМ и до власта. ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните спречи продажба на АД Славија на криминален начин и со тоа спаси за државата и граѓаните 20 милиони евра во имот. Почитувани граѓани, продажбата сакаа да ја направат на незаконски начин, без проценки, без реални вредносни суми на имотот и она што е најинтересно – во вакуум период помеѓу смена на 2 гарнитури од СДСМ и непосредно пред Нова Година мислејќи дека никој тоа нема да го види. Е така не може. Така може да си препродаваат само штабови на СДСМ и имот на СДСМ, изјави Арсовски.