Овие петмина пострадаа во времето на императорот Диоклецијан.
Евстратиј беше римски војсководец во градот Саталион, а Евгениј му беше другар во војската. И Орест беше римски војник. Авксентиј, пак, беше свештеник, а Мардариј обичен граѓанин. На едни им беа отсечени главите, а другите умреа при измачувањата.
Подоцна, моштите им беа пренесени во Цариград и положени во црквата Свети Петочисленици, по¬светена на овие петмина сведоци за Христа.