Денешната политичка ситуација во Србија целосно може да биде споредена со состојбите од пред 25 години, кога власта беше во рацете на Слободан Милошевиќ. Ова го изјави поранешниот министер за внатрешни работи и премиер на Србија Зоран Живковиќ, јавува БГНЕС.

„Денес тие кои се во врвот на власта, пред 25 години му купуваа бурек на Милошевиќ. Денес тие далеку поважни, но ја водат истата политика. Се разбира тоа се случува на поинаков начин. Се работи за апдејт на политиката на Милошевиќ“, вели Живковиќ и подвлекува „Тие го лажат својот народ, а ги лажат и сите околу нив“.

„Тие велат дека се за Европската Унија, но и пред 25 години Милошевиќ се посочуваше како гарант на мирот на Балканот. Така велеа за него дури некои западни лидери. Денешните раководители во Белград лажат за некакви големи успеси, Милошевиќ исто така лажеше додека тонеше. Единствената разлика меѓу него и нив е во тоа што тие се пет пати попримитивни“, подвлекува поранешниот српски премиер.